Банкарски менаџмент

 

 

 

 

 

 

Стручен труд по предметот

Финансиско сметководство

 

Тема

Биланс на состојба

 

 

 

 

 

 

 

 

  Ментор                                                         изработил                                    

                                                             

www.MaturskiRadovi.NET

 

 

            

Вовед

 

          Билансот на состојба кој преставува извештај за финансиската состојба, ги објавува категориите и износите на средствата (ресурсите на фирмата), обврските (побарувањата на тие ресурси) и акционерската главнина во специфични моменти. Во САД билансот на состојба во основа се издава на крајот на секој квартал и на крајот на фискалната година. За разлика од САД во другите земји се применува односно основно правило се полугодишните и годишните извештаи за финансиската ситуација.

 

Билансот на состојба = Средствата + Изворите на средства

 

 

Kомпоненти на билансот на состојба на DU PONT:

 

Средства

Обврски

-готовина и еквиваленти на готовина

-хартии од вредност за тргување

-побарување од купувачи

-залиха

однапред платени трошоци

-одложени даноци

-тековни средства

-постојани средства(акомулирана амортизација)

-капитален лизинг

-инвестиција во афилијациите

-однапред платени трошоци за пензионирање

-нематеријални средства

-обврски спрема добавувачите

-тековни обврски

-краткорочен и долгорочен долг

-капитален лизинг

-одложени даноци

-пензии и бенефиции по пензионирањето

-малцински интерес

-акционерска главнина

-кумулативна корекција

-минимални обврски по основ на пензии

-нереализирани

добивки/загуби

 

 

Оваа класификација и форма на билансот на успех преовладува во најголем дел од компаниите во САД. Средствата и обврските се класифицираат во согласност со ликвидноста, што преставува нивна очекувана употреба во работењето и конверзија во парични средства кај средствата и времето на достасување кај обврските.

Средствата се очеква да бидат конвертирани во парични средства или да се употребат во рамките на една година (или еден оперативен циклус, ако е подолг од една година) класифицирани како тековни средства.

Тековните обврски вклучуваат обврски што фирмата се очекува да ги надмири во рамките на една година (или еден оперативен циклус, ако е подолг).

Средствата што се очекува да обезбедат корист и услуги во текот на периоди што надминуваат една година и обврски што ке се надмират по една година се класифицирани како долгорочни средства и обврски.

 

Во следниве пасуси ке ги објасниме сите делови од Билансот на состојба на Du Pont:

 

Средства

 

Готовина и еквиваленти на готовина како средства ослободени од ризик со рок на достасување од 90 дена или помалку. Како такви се квалификувани банкарските сметки, благајничките записи на САД и слични средства. Треба да се има предвид дека долната линија на извештајот на паричните текови преставува промена во овие средства за период.

Хартиите од вредност за тргување вклучуваат акции и обврзници, што мора да бидат сведени на пазарната вредност. Обврзниците со фиксна добивка може да се водат или според пазарна вредност или според амортизирана вредност. Во некои случаи хартиите од вредност за тргување се слични со готовината, во други случаи носат значаен ризик.

Побарување од купувачи и побарување по основ на примени меници ги содржат и побарувањата од купувачите и побарувањата по основ на примените меници, пример од продажби на средства. Разликата е значајна. Побарувањата од купувачите влијаат на кредитната страна на продажбите на производи и услуги и нивната анализа во текот на времето преставува значаен индикатор за ликвидноста и релевантноста на признавање на приходите.Рокот на достасување и наплатата по основ на побарувањата по меници може да има значајни импликации врз идниот паричниот тек и ликвидноста на фирмата.

Употребуваниот сметководствен метод на залихите може значајно да влијае врз мерењето на ова оперативно средство, како и на нивото и на тенденцијата на презентираната добивка.

Однапред платените трошоци вклучуваат однапред извршени плаќања на даноци и осигурување, ставки што ке се појават како расходи во идните биланси на успех.

Одложениот данок од добивка преставува одложено оданочување на средствата.

Вкупните тековни средства ги вклучуваат сите средства што треба да генерираат готовинаво рамките на една година или еден оперативен циклус. Меѓутоа најголем дел од овие средства прават обрт. Новите побарувања и залихи се појавуваат како што се реализираат старите. На тој начин тековните средства сами по себе не преставуваат предвидување на идниот паричен тек.

За Du Pont како и за најголем број производствени и индустриски фирми, имотот, недвижностите и опремата преставуваат најголема категорија на средствата. Прикажаниот износ претставува функција на сметководствените политики што се однесуваат на капитализација, депрецијација и намалувањето.

Капитален лизинг  содржи обезвредување на постојаните средства на Du Pont укажувајки декавклучен мал износ на капитален лизинг.

Инвестициите во афилијациите го одразуваат инвестирањето во афилијациите и во пресметаните аванси на афилијациите со употреба на методот на главнина.

Другите средства од кои најголема поединечна ставка е е однапред платен трошок за пензии, исто така во овие други средства се вклучени и нематеријалните средства што е вообичаена практика.

 

 

Изворите на средства = Обврските + Акционерската главнина

 

 

 

Обврски

 

Обврски спрема добавувачите преставуваат најголема ставка и се корисни во проценувањето на паричниот циклус на фирмата. Обврските спрема банките треба да се третираат како долг. Обврските спрема добавувачите ги искажуваат обврските кои ги имаат фирмите кон добавувачите на средства а кои сеучте не се подмирени.

 

Вкупните тековни обврски преставууваат барани плаќања во текот на наредната година доколку ништо друго не се случува.Во реалноста за очекување е дека би се надмириле некои обврски, но се разбира дека настануваат нови.

Долгорочни заеми  и обврски за капитален лизинг го прикажуваат и капиталниот лизинг објавен во билансот на состојба и оперативниот лизинг што не е прикажан таму.

Од дадениот биланс на состојба најголемите други обврски се преставени во пресметаните трошоци за бенефици по пензионирањето, а исто така содржи и детали за одложениот данок од добивка.

Малцинските интереси во консолидираните супсидијари претставуваат главнина што ја поседуваат другите инвеститори

 

 

Акционерска главнина

 

Акционерската главнина на Du Pont содржи четири компоненти. Приоритетните акции преставуваат приоритетното барање на нето - средствата на фирмата. Како што е прикажано во консодилираниот извештај на акционерската главнина, Du Pont има две класи на приоритетни акции. Иако овие две емисии повикливи на опцијата на Du Pont, тие не се откупливи.

Приоритетните акции што се откупливи со акционерска опција мора да бидат прикажани надвор од делот (нормално само над) за акционерската главнина. Приоритетните акции се презентирани според износот на примени парични средства кога се издадени, а откупливата или ликвидациската вредност може да биде повисока. Кога ја пресметуваме книговодствената вредност по акција, може да биде употребена откупливата вредност или ликвидациската вредност.

Наредните две компоненти, обичните акции и дополнително уплатениот капитал, го преставуваат добиениот износ од продажбата или емисијата на обичните акции.

Повторно инвестираната (акомулираната) заработувачка преставува акомулирање на заработувачките во текот на животниот век на компанијата, намалена за исплатените дивиденди. За најголем број компании разликата меѓу овие три компании не е значајна. Меѓутоа во ретки случаи ниското ниво или отсуството на акомулирани заработувачки може да влијае врз способноста на фирмата да објави дивиденди или даночен ретман на тие дивиденди.

Во некои случаи акционерската главнина може да ги содржи наредните дополнителни компоненти:

- Трезорски акции, издатоци за повторно набавени акции;

- План на вработените за опции на акциите;

- Нереализирани добивки и загуби од хартиите од вредност;

- Одложени сведувања на добивките и загубите;

- Минимална пензиска обврска;

 

Материјалните средства и обврски се објавени пред нематеријалните средства и другите средства и обврски чие мерење е неизвесно.

Оваа класификациска шема може да се употреби за пресметување коефициенти што се употребуваат во финансиската анализа. Тековната долгорочна разлика може да биде употребена, на пример, за мерење на ликвидноста. Меѓутоа, во последните години оваа разлика донекаде стана случајна, бидејки понекогаш е тешко да се утврдат разликите меѓу краткорочните и долгорочните инвестиции и долгот.

Најликвидни средства се готовината и еквивалентите на готовината, приходите од сопственички акции за тргување, побарувањата, залихите и однапред платените трошоци во делот за тековните средства во билансот на состојба.

Долгорочните средства вклучувајки имот, недвижност и опрема, инвестиции во афилијациите нематеријалните срества како што се заштитен знак, мостри, авторски права и гудвил се јавуваат како нетековни средства.

Краткорочните банкарски и други долгови, тековниот дел од долгорочните долгови и капиталниот лизинг, обврските спрема добавувачите, пресметаните обврски (Износите што им се должат на вработените и другите), каматата и обврската за данок се класифицирани како тековни обврски.

Долгорочниот долг, обврските за капитален лизинг, обврските за пензија и другите обврски во основа се сметаат за долгорочни обврски

Акционерската главнина ( резидуалниот интерес за фирмата) ѓи дава компонентите според нивниот интерес во ликвидноста со кои било приоритетни акции дадени пред обичните акции, трезорските акции и повторно инвестираните заработувачки. Овој дел исто така може да вклучува дополнителни компоненти.

 

Мерење на средствата и обврските

Најголем дел од компонентите на билансот на состојба се објавени според историски трошоци што ја преставуваат цената што се плаќа при нивната набавка.

Во случајот на побарувањата од купувачите исправката на вредноста го корегира оригинално евидентираниот износ за приближно до нето реализациската вредност.Резервата за ненаплативост е проценета на ненаплатливите побарувања, објавени како намалување на салдото на бруто побарувањата, ова е познато како спротивно конто.

Промените во некои други средства или обврски се акомулираат водополнителни конта, како што е обврската за премија на обврзниците што го евидентираат износот за кој цената при издавањето ја надминува номиналната вредност. Овие контра и дополнителни конта им овозможуваат на фирмите да ги објават оригиналните историски трошоци и пренесената нето вредност. Тие исто така ја одразуваат процената на менаџментот за реализациските вредности на значајните средства, како на пример нето побарувањата со одбивање на исправката за ненаплатливост. Меѓутоа овие преставуваат смедководствени процени на нето реализациските вредности и непазарните вредности.

Меѓутоа пониска од пазарната или набавната вредност и правилата за намалување може да бираат може да бираат намалување до објективните или пазарните вредности кога тие се пониски од набавната вредност. Но во најголем дел случаи пазарните вредности не се одразени во билансот на состојба пред реализацијата, и предходните прикажувања на изворната набавна вредност не се дозволени во САД. Исклучок од ова правило е  сметководството за инвестициите во хартии од вредност.

Средствата и обврските на странските афилијации се објавени по износи преведени од други валути по курсни стапки што се на датумот на билансот на состојба или комбинација на оваа тековна стапка и специфичните историски стапки одредени компоненти.

Билансот на состојба не ги објавува сите средства и обврски на фирмата,туку само тие што исполнуваат специфични критериуми за признавање.

Билансот на состојба не ја објавува пазарната вредност на средствата, обврските или главнината на фирмата, иако обезбедените информации можат да бидат корисни кога се проценува пазарната вредност на фирмата или нејзините хартии од вредност.

 

 

 

 

Во различни земји различно се презентира билансот на состојба. Тоа станува збор за различното групирање на поодделните средства и извори на средства. Називите на пооделни средства и извори на средства во билансот на состојба се нарекуваат билансни ставки или билансни позиции. Редоследот на билансните позиции може да се прикаже во две форми, двостранична и рапортна. Кај нас подолго време се користела двостраничната, но веке не, иако таа нуди поголема прегледност и полесно конфронтирање на активните со пасивните ставки во билансот на состојба.

Активата во билансот на состојба ги прикажува средствата според видот, функцијата односно составот. Значи од активата може да се види со колку средства располага една организација.

Пасивата во билансот на состојба ги прикажува изворите од кои се добиени средствата. Од неа може да се види потеклото на средствата на фирмата, дали се од сопствени или туѓи извори.

Математичката еднаквост на вкупната актива и вкупната пасива се вика билансна рамнотежа. Билансната рамнотежа преставува една од квантитативните одлики на билансот на состојба

 

 

Ова се два примера на биланс на состојба кој што се изготвува кај нас во Македонија. Дадени се биланси на состојба на две познати македонски фирми

- Фершпед А.Д. Скопје (во илјади денари)

- А.Д. Пелагонија (во илјади денари)

 

 

 

ГРУПА ФЕРШПЕД АД Скопје
КОНСОЛИДИРАН БИЛАНС НА СОСТОЈБА

Во илјади денари

Белешки

2005

2004

СРЕДСТВА

 

 

 

Долгорочни средства

 

 

 

Нематеријални средства

9

198.026

215.430

Основни средства

9

2.212.220

2.266.836

Издвоени парични средства за инвестиции

 

5.009

2.225

Негативен гудвил

10

-139.278

-148.563

Вложувања расположливи за продажба

11

139.720

140.857

Побарувања по долгорочни кредити

 

10.930

12.752

Вкупно

 

2.426.627

2.489.537

 

 

 

 

Тековни средства

 

 

 

Залихи

12

425.910

428.190

Побарувања од купувачи

13

708.859

1.005.501

Останати краткорочни побарувања

14

49.695

48.504

Краткорочни финансиски вложувања

15

435.851

569.676

Вложувања наменети за тргување

16

344.229

147.909

Побарувања за аванси, депозити и кауции

 

6.832

6.970

Активни временски разграничувања

 

2.117

6.121

Парични средства

17

123.696

89.490

Вкупно

 

2.097.189

2.302.361

 

 

 

 

ВКУПНО СРЕДСТВА

 

4.523.816

4.791.898

 

 

 

 

КАПИТАЛ И ОБВРСКИ

 

 

 

 

 

 

 

Капитал и резерви

 

 

 

Акционерски капитал

 

820.846

820.846

Сопствени акции

 

-7.466

-

Законски резерви

 

501.522

476.870

Ревалоризациони резерви

 

473.852

456.092

Акумулирана добивка

 

820.393

704.975

Вкупно

 

2.609.147

2.458.783

 

 

 

 

Малцинско учество

18

435.763

427.459

 

 

 

 

Долгорочни обврски

19

281.220

191.158

 

 

 

 

Тековни обврски

 

 

 

Обврски спрема добавувачи

20

610.808

687.352

Останати краткорочни обврски

21

203.638


205.273

Обврски за аванси

22

710

73.301

Краткорочни финансиски обврски

23

380.966

747.130

Пасивни временски разграничувања

 

1.564

1.442

Вкупно

 

1.197.686

1.714.498

 

 

 

 

ВКУПНО КАПИТАЛ И ОБВРСКИ

 

4.523.816

4.791.898

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

БИЛАНС НА СОСТОЈБА НА А.Д. ПЕЛАГОНИЈА

 

На 31 декември 2001 година

Во илјади денари

 

 

АКТИВА

 

Материјални вложувања                                            7        561.386

Нематријални вложувања                                                           455

Болошки средства                                                    8              78.619

Вложувања во хартии од вредност                         9         207.957

Останати финансиски побарувања                                       2.236

ВКУПНО ПОСТОЈАНИ СРЕДСТВА                                 850.653

 

Залихи                                                                     10              240.345

Биолошки средства                                                   8           327.217

Побарувања за данок од добивка                                          2.788

Побарувања од купувачи и други побарувања     11    226.127

Депозити во банки на и над три месеци               12         11.489

Парични средства и паричен еквивалент             13      230.208

ВКУПНО ТЕКОВНИ СРЕДСТВА                                   1.038.174

ВКУПНО АКТИВА                                                               1.888.827

 

ПАСИВА

 

Акционерски капитал                                                             738.184

Резерви                                                                                     151.652

Задржана добивка                                                                  803.194

ВКУПНО КАПИТАЛ И РЕЗЕРВИ                                    1.693.030

 

Обврски за кредити                                                15              95.578

ВКУПНО ДОЛГОРОЧНИ ОБВРСКИ                                    95.578

 

ТЕКОВНИ ОБВРСКИ

Обврски кон добавувачи и други обврски            16          100.219

Обврски за кредити                                                15                 ------

ВКУПНО ТЕКОВНИ ОБВРСКИ                                             100.219

ВКУПНО ПАСИВА                                                                 1.888.827

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Заклучок

 

 

Билансот на состојба е една од почетните точки за анализата на фирмата. Тој обезбедува информации за ресурсите на фирмата , средствата, обврските, ликвидноста и солвентноста на фирмата. За доверителите билансот на состојба обезбедува информација за природата на средствата што фирмата ѓи користи како колатерал на долгот.

Билансот на состојба исто така известува и за способноста на фирмата за генерирање на заработувачки.

Билансот на состојба исто така може да генерира предвидување за идните парични текови на фирмата.

Билансот на состојба е почетна точка во изготвување на коригираниот биланс на состојба и сметководствената вредност.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Содржина

 

 

1.Вовед

2.Биланс на состојба во САД

3.Средства

4.Обврски

5.Акционерски капитал

6.Мерење на средствата и обврските

7.Биланс на состојба во Македонија

8.Пример за биланси кои се изготвуваат во Македонија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Користена литература

 

 

1.Употреба и користење на финансиските резултати

2.Сметководство

3.Фершпед А.Д. Скопје

4.А Д Пелагонија Скопје

 

 

 

www.MaturskiRadovi.NET

 

Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.MaturskiRadovi.Net  je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.

 

Posetite nas na sajtovima ispod:

http://www.maturskiradovi.net

http://www.maturski.net

http://www.seminarskirad.org

http://www.seminarskirad.info

http://www.seminarskirad.biz

http://www.maturski.org

http://www.magistarski.com

http://www.essaysx.com

http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi

 Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing,  finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija,  preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver,  hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...),  biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno,  psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo,  ustav, medicina, engleski jezik, ...).

 

Uspostavljanjem ovog projekta,  zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.

 

U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim,  sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti,  čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.

 

Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.

 

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!